Македонија

Во тепачка на Рузвелтова повредени три лица со нож

Во масовна тепачка на улица Рузвелтова во Скопје три лица се повредени со нож, потврдуваат од полицијата.

На сите тројца им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Скопје. МВР соопшти дека тие „се обезбедени за расчистување на случајот“.

Полицијата не го соопштува идентитетот на повредените и на учесниците во тепачката.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни