Македонија

Буџетските трошоци за 26.000 спорови изнесувале 90 милиони денари

Во Скопје правдата е најскапа, чини 55% од просечната плата, а во Штип и Гостивар најефтина 15 % од просечната плата според информациите на Центарот за правни истражувања и анализи. Трошоците на судот се пресметани на 57 милиони денари, а вклупниот приход од спорови со мала вредност е  56 милиони денари.  Просечната вредност на споровите со мала вредност изнесува 90 илјади денари, во ЕУ 2000 евра, а во Германија конкретно 5000 евра. Центарот за правни истражувања и анализи ова истражување го прави за поголема транспарентност на судовите.

Од Министерсвото за правда по поднесена иницијатива и консултација со судии за годинава најавуваат измена на Законот за парнична постака.

-За вклупно решени 26 000 спорови се проценува дека буџетските трошоци изнесувале 90 милиони  денари-, изјави Ивица Поповски, правник.

-Имаше иницијатива да ги испитаме можностите за измена на  Законот за парнична постапка во насока на утврдување на максимален број на одложување на  рочишта. Одржавме состаноци со претставници на Основниот суд Скопје 2 и побаравме мислење-вели Љубица Караманди Попческа од министерството за правда.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни