Македонија

Доделени наградите за најдобри истражувачки стории од МИМ

Македонскиот институ за Медиуми (МИМ), ги додели наградите за најдобрите истражувачки стории од 2018 година.

Новинарката Славица Филиповска е добитник на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија, за серијалот стории на тема „Депониите со линдан во и надвор од фабриката Охис“, објавени во емисијата „360 степени“ на Алсат-М.

Втората награда ја доби Евис Халили Мемедалија за серијал текстови за злоупотреби во рамките на Националниот план за култура во 2018 година, објавени во весникот „Коха“. Третонаградена е Елена Колевска за истражувањето за долгот на 20-те најзадолжени општини пред локалните избори во 2017 година.

МИМ им додели пофалници на новинарите Сунаи Сабриоски, Марија Митевска и Дарко Шарговски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни