Македонија

Царовска од Женева: Инвестираме во градинките, обезбедивме 300% поголем буџет

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во Женева учествуваше на Регионалниот форум на УНЕЦЕ 2019: Врсничко учење за одржлива иднина.  Министерката беше дел од панел дискусијата за раниот детски развој на која говореше за конкретните чекори што Република Северна Македонија ги прави за создавање квалитетен човечки капитал.

„Инвестирањето во раниот детски развој е еден од високите приоритети на Владата на Република Северна Македонија, поради што годинава обезбедивме за 300% поголем буџет за изградба на градинки. Секое дете треба да има ист старт во животот, а градинките да бидат пристапни за сите, бидејќи раниот детски развој е клучен за создавањето на квалитетен човечки капитал во иднина. Целта на МТСП е во следните 4 години опфатот на деца кои одат во градинка да го зголеми за 50% и полека да се приближуваме до европскиот просек којшто изнесува 90%, а тоа ќе го постигнеме само со јакнење и проширување на капацитетите на што веќе засилено работиме. На овој начин не само што градинките ќе згрижуваат повеќе деца, туку истовремено ќе обезбедуваме и поголема застапеност на жените на пазарот на трудот, што во моментот е на многу ниско ниво“, рече Царовска

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни