Балкан

„Навредливо е да се виси на граница“, вели Џамбаски кој остана во Благоевград

„Навредливо е да се виси на граница“, вели Џамбаски кој остана во Благоевград

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски не беше денеска меѓу Бугарите што чекаа влез во Македонија за да се упатат кон црквта „Св. Спас“ на одбележувањето за 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Во видео порака тој истакна дека тоа што во моментов се случува на граничните премини во Македонија е апсолутен срам.

„Ако продолжат овие провокации, одложувајќи ги луѓето, апсолутно е навредливо за сеќавањето на Гоце Делчев да учествува во таков „циркус“ и да виси на граница како дел од антибугарска кампања“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни