Свет

Повеќе од 600 веќе загинаа во Сирија и Турција поради земјотресот

Над 600 лица загинаа според последните податоци во Сирија и Турција како последица на силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава.

Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте.

САД проценува дека жртвите од земјотресот во Турција би можеле да бидат и до 10.000

Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 237 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени таму достигна 639.

Во областите под контрола на бунтовниците во северните провинции Идлиб и Алепо, потврдено е дека загинале 91 лице. Повеќе од 500 луѓе се повредени, изјави претставник на хуманитарна организација, цитиран од ДПА.

Многу од зградите во областите кои беа погодени од земјотресот претрпеа оштетувања за време на конфликтот што избувна пред речиси 12 години во Сирија, забележува Ројтерс.

Во Турција, според последните податоци на властите, загинале најмалку 284 лица. Над 2.000 луѓе беа повредени.

Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот (3:17 часот по бугарско време) во близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, наведува ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни