Свет

Сеизмологот кој го предвиде земјотресот во Турција, излезе со нова прогноза

Сеизмологот кој го предвиде земјотресот во Турција, излезе со нова прогноза

Холандскиот научник Френк Хугербитс предупредува дека последователните потреси ќе продолжат уште некое време во централна Турција но и во околните региони.

Хугербитс предвиде пред три дена дека ќе се случи силен земјотрес кој денеска ги погоди Турција и Силија

„Порано или подоцна овој регион (Јужна централна Турција, Јордан, Сирија, Либан) ќе доживее земјотрес од приближно 7,5 степени“, напиша тој на Твитер претходно овој месец.

Неговото предвидување испадна точно – синоќа и денеска серија силни земјотреси ги потресоа Турција и Сирија, а одделни потреси се регистрирани и во Либан.

Во својата нова прогноза, Хугербитс предупредува дека последователните потреси ќе продолжат уште некое време во централна Турција но и околните региони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни