Македонија

Рано утрово тешка сообраќајка во Куманово, млад возач тешко повреден, со автомобил излетал од булеварот

Утрово  во 04,00 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот “Трета Македонска ударна бригада“ патничко моторно возило “Сеат леон“ со кумановски регистерски таблици управувано од Б.П.(26) од Куманово излетало од коловозот.

Притоа  со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П. кој бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни