Балкан

Српски пратеник си гледаше порно на собраниска седница – си поднесе оставка

Српски пратеник си гледаше порно на собраниска седница – си поднесе оставка

Пратеникот на Социјалистичката партија на Србија Звонимир Стевиќ во Собранието беше снимен како за време на седница си гледа порно.

Имено, во Собранието во четвртокот и петокот се водела расправа околу Косово, но сепак истата не била толку интересна за овој пратеник па си пуштил порно филм.

По скандалот, пратеникот си поднесе оставка, но според српските медиуми, истата не била поднесена самоиницијативно, односно ја побарал шефот на партијата Ивица Дачиќ.

Дачиќ кажал дека многу поминал сите овие години, но дека сè уште не доживеал некој да гледа порно на собраниска седница.

„Ова е скандал и баш катастрофа. Звонко, реално е да поднесеш оставка. Не можеш повеќе да останеш пратеник бидејќи со ова и ти не можеш да се носиш. Второ, каде и да се појавиш, што и да кажеш, секогаш ќе бидеш порнопратеник“, кажал Дачиќ.

Тој го прашал од каде му дошла идејата во собранието да гледа порно.

„На сите им е непријатно и сите се чувствуваат бедно. Имаш во своите редови човек кој гледа порно додека тече расправа, и не која било, туку за целиот овој проблем околу Косово“, кажа еден од српските социјалисти за Блиц.

„Дадов оставка на местото пратеник пред половина час. Не можам сега повеќе да зборувам, јавете се за два часа“, кажал Стевиќ за Блиц.

Српскиот медиум пишува дека Стевиќ се обидел да се извлече од давање оставка, но дека на крајот се согласил.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни