Свет

ВИДЕО: Спасувачите извлекоа живо бебе старо 20 дена од урнатините во Турција

ВИДЕО: Спасувачите извлекоа живо бебе старо 20 дена од урнатините во Турција

Бебе старо 20 дена го преживеа разорниот земјотрес во Турција.

Извлечено е од урнатините на зграда во градот Хатај. Фотографија направена пред неколку часа го доловува моментот кога спасувачите го држат момчето Керем Агиртас.

Спасените по десетици часа под урнатините им даваат надеж на илјадниците со непозната судбина. Спасија цело семејство во Сирија. Кадарот ја доловува радоста на отстранување на едно од децата.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани. Во турскиот град Хатај по 45 часа под урнатините е пронајдено малото сириско момче Мохамед. Трогателно видео на социјалните мрежи ја покажа првата средба на детето со неговите спасувачи пред да биде извлечено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни