Турската новинска агенција објави видео од спасувањето на две сестри од урнатините на зградата. Сестрите од југоисточната провинција Кахраманмарас поминале 100 часа под урнатините и биле извлечени живи, наведува агенцијата.
Потсетиме дека бројот на жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.700 и може да продолжи да расте додека спасувачките тимови пребаруваат низ урнатините на илјадниците урнати згради. Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.
Оттогаш спасувачите се тркаат со времето, но со секој час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините. Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнати, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.