Гордана Бјелетиќ е уредничка на „Јужне Вести“, која ги следи протестите во Белград, а известуваше и од протестите во Скопје. Вели дека состојбата во Србија на многу нешта потсетува на состојбата во Македонија од пред неколку години.
„Тие често пати зборуваат за „македонско сценарио“, го користат во повеќе различни ситуации. Некогаш го користат воглавно да покажат дека некој без поддршка на избирачите сака да ја освои власта со помош на некои странски сили. Секогаш кога сакаат да поддржат некоја теорија на завера го користат тој термин. Но, тоа „македонско сценарио“, единствен правилен начин тој термин да се користи е опозицијата, или било кој, кој се залага за демократија, пред било какви избори треба да инсистира да се воведат барем основните правила во демократските земји“, изјави Гордана Бјетич – уредник на „Јужне Вести“.
Нема слобода на медиумите, нема прочистен избирачки список, заплашувања и закани гласачите да гласаат за владејачката партија, се само дел од секојдневнието во Србија. Но, како што вели Бјелетиќ, разликата е во тоа што меѓународната заедница покажала интерес за состојбите во Македонија, но со Србија не е таков случајот. Воедно додава дека доколку утре би се одржале избори, нема ништо да се смени, бидејќи владејачката партија го контролира целиот систем.
Но, освен за „македонско сценарио“, во Србија постојано се почесто се зборува и за Зоран Заев, кого го спомнуваат дека е поврзан со протестите.
„Србија е наш голем пријател. Нашиот народ е близок. Ние секогаш сме внимателни со нашите изјави дури кога доаѓаат од некакви медиуми. Во враќањето, внимателно пријателски возвраќаме. Ние осудивме било какво насилно влегување во било каква институција. Јас сум еден од паталците од насилното влегување во институциите“, рече Зоран Заев – премиер на РСМ.
Пред неколку дена, за време на протестите во Белград, дел од демонстрантите упаднаа во зградата на РТС. Веднаш потоа министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, а следниот ден и претседателот Александар Вучиќ изјавија дека демонстрантите му се восхитуваат на македонското сценарио и дека се обидуваат да го спроведат.
РЕПОРТЕР: ЕДИН РАСТОДЕР