Македонија

Пожарот локализиран, кризниот штаб ќе заседава изутрина

Пламени јазици нема, но екипите остануваат во атарот на селото Ротино каде вчера избувна пожар кој се закажнуваше на Пелистер. Со интервенција на ТППЕ од Битола и Ресен, едно возило од РЕК Битола, возила и механизација од Јавните претпријатија доцна вечерва бил локализиран пожарот.

Градоначалничката Наташа Петровска, по одржаниот состанок со Кризниот штаб, повеќе од два часа беше на местото каде што беснееше пожарот заедно со екипите кои учеств уваа во неговото гаснење.  Таа  истакна дека со надчовечки напори на сите кои делуваа на терен, пожарот е ставен под контрола, без видливи пламени јазици. Сепак, екипи и вечерва ќе останат на локацијата со цел веднаш, превентивно, доколку во раните утрински часови повторно се појави пламен, да делуваат за да не дојде до негово проширување. Во зависност од тоа каква ќе биде состојбата со пожарот во  текот на ноќта и во раните утрински часови, така ќе бидат превземени соодветни мерки од страна на Кризниот штаб, односно изутрина ќе се одлучува дали и понатаму  ќе се бара вклучување на воздухоплови за гаснење на огнот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни