Македонија

Пукање во Прилеп: 63-годишник извадил пиштол пред тројца сограѓани

Вчера во 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп.

– Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70“ калибар 9 мм. Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка, информира МВР.

Во полициска станица биле задржани А.М., Б.М. и Л.П. и бил извршен службен разговор со нив.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни