Премиерот Зоран Заев во вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека доколку консензуалниот кандидат Стево Пендаровски не ги добие претседателските избори, ќе има предвремени парламентарни избори, секако доколку тоа опозицијата го бара, рече Заев вечерва во дебатата на Канал 5 телевизија.