Македонија

Груби вели дека ДУИ ќе ја земе и функцијата на гувернер, СДСМ без став

Високи претставници на ДУИ, изјавија дека во иднина гувернерот на Народна Банка ќе биде Албанец. Бујар Османи вели дека тоа може да се случи, но не како резултат на политичките пазарења или можните договори во замена на поддршката за кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

-За прв пат Албанците ќе учествуваат во донесувањето на одлуката при изборот на кандидатот и нема да бидат само поддржувачи или тие кои ќе направат политичко пазарење со македонските партии за било каква концесија било тоа и за именувањето во разни институции. Не негирам дека можеби постојат претендирања за такви институции но не како дел од пазарењето, бидејќи како што реков Пендаровски не е кандидат на СДСМ туку на партиите кои го поддржуваат.-вели Османи.

И Артан Груби го изјави истото.

-Консензуалноста, факторизацијата и не-мајоризација на албанските гласови. Исто како што успеавме да го направиме Фатмир Бесими министер за одбрана, што беше непредвидливо, успеавме да го направиме Талат Џафери министер за одбрана, г. Нухиу министер за внатрешни, што беше целосно непредвидливо, потоа народниот правобранител, па така ќе успееме да ја земеме и функцијата на гувернер, како што ја земавме функцијата Претседател на Собранието и во иднина ќе ја земеме и функцијата на Премиерот и Претседателот на државата.-рече Груби.

ТВ21 побара став од СДСМ за тврдењата на ДУИ, на чело на Народната Банка да има Албанец гувернер, но од таму се уште не добивме став по ова прашање. Во моментов Анита Ангеловска – Бежовска, е гувернер на Народната Банка. Таа од мај 2018 година, по предлог на претседателот, Ѓорге Иванов и со 81 глас „ЗА“ во Собранието, беше избрана за прв човек на Народна Банка. Таа  има мандат од 7 години.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни