Свет

Бизарна снимка: Стотици Руси се полија во ладна вода за да ја поддржат војната

Бизарна снимка: Стотици Руси се полија во ладна вода за да ја поддржат војната

И покрај широко распространетата осуда на руската инвазија на Украина, значителен дел од Русите сè уште ја поддржуваат војната против Украина.

Видеото од источниот руски град Благовешченск стана вирално денес, на кое се гледаат стотици луѓе во костими за капење како се полеваат со вода на улица среде зима за да ја покажат својата „сила“ и да ја поддржат војната во Украина.

Во времето на ова бизарно улично шоу, температурата во градот била -9 степени Целзиусови. Френсис Скар, новинар на БиБиСи кој внимателно ги следи руските медиуми, го објави видеото.

„Стотици луѓе во рускиот град Благовешченск се собраа да ја покажат својата поддршка за инвазијата на Украина со поливање со ладна вода врз себе. И не, не се шегувам“, напиша Скар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни