Свет

Авион од Лондон пренасочен поради закана за бомба, аеродромот во Варшава затворен

Авион од Лондон пренасочен поради закана за бомба, аеродромот во Варшава затворен

Дојавата за поставена бомба предизвика вонредна ситуација на аеродромот во Варшава, откако авион кој летал од Лондон бил пренасочен и принудно слетал на аеродромот Варшава-Модлин. По инцидентот, воздушниот сообраќај на аеродромот е привремено прекинат, додека надлежните служби вршат безбедносни проверки.

Леталото, кое требало да слета на аеродромот „Шопен“ во Варшава, слетало во Модлин во 10:01 часот. Во авионот имало 181 лице, потврди портпаролот на аеродромот Адам Шабловски, пренесува TVN24.

Според официјалните информации, тревогата била прогласена во 9:54 часот, по пријава за можна експлозивна направа во авионот кој полетал од лондонскиот аеродром „Хитроу“. При слетувањето, авионот имал 3,7 тони гориво.

По слетувањето, леталото било пренасочено кон посебно определена локација, каде што ќе остане до добивање дополнителни инструкции од надлежните служби, вклучително и пиротехничките екипи.

Аеродромот Варшава-Модлин останува затворен до понатамошно известување, а засега нема информации кога воздушниот сообраќај ќе биде повторно воспоставен.

Од аеродромот посочуваат дека приоритет е безбедноста на патниците, екипажот и вработените, а дополнителни информации за нормализирањето на сообраќајот ќе бидат објавени во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни