Уште пред да стартува изборната кампања, партиите со меѓусебни преписки. Во синоќешниот дебатен магазин „Клик Плус“, Артан Груби од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ги изнесоа своите аргументи околу тоа кој кандидат за Претседател е подобар. Груби смета дека поддршката на ДУИ за Пендаровски е резултат на освестувањето на нивниот лидер, Али Ахмети – дека во Македонија во моментов е невозможно да победи кандидат Албанец.
-Идеја за консензусот веќе ви ја кажав – спречување на маргинализирањето на албанските гласови од најголемата заедница, односно македонската со 65% во земјава. Кандидат Албанец имавме и во минатото, инвестиравме многу финансиски средства…за да стигнеме до вториот круг и реално да правиме пазар со гласовите на Албанците. Господинот Ахмети рече стоп – веќе нема да правиме таков политички циркус и театар, влегувајќи го трка која не можеме да ја добиеме – рече Груби.
Од друга страна пак, Арбен Таравари изрази силна политичка доверба, тврдејќи дека Блерим Река како кандидат поддржан од албанската опозиција, ќе успее да освои 50% од гласовите на ДУИ.
-Околу 50% од членовите на ДУИ ќе гласаат за Блерим Река. Артан ова навистина не е за смеење-му врати Таравари.
Артан Груби се обиде да докаже дека за разлика од 2014-тата година кога Стево Пендаровски бил само кандидат на СДСМ, сега тој е производ на еден поширок консензус поддржан од 31 партија. Но, Арбен Таравари го оспори ваквото тврдење, велејќи дека и овојпат Пендаровски е избран од СДСМ, а останатите партии само ја поддржале одлуката на партијата на Заев.