Водени од телевизиската дебата меѓу Заев и Мицкоски граѓаните бараат иста таква и меѓу претседателите на албанските партии. Велат дека лидерите треба да дебатираат и да понудат отворени решенија за прашања кои се од јавен интерес.
Дел од граѓаните го поздравуваат дуелот меѓу премиерот Заев и шефот на опозицијата, Мицкоски.
Телевизиските дебати меѓу политичките лидери би влијаеле позитивно врз создавањето на ставовите и концептите околу тоа – како да се развие културата за јавна дебата во земјата.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ