Лицата со оштетен слух се соочуваат со потешкотии во воспоставување комуникација со институциите. Секојдневно наидуваат на луѓе кои не ги разбираат или кои не знаат да им одговорат. Поради тоа, промовиран е проектот „Кол центар“, кој на глувите и наглувите лица ќе им помогне да остварат полесна комуникација со вработените во институциите.
Апликацијата ќе работи од понеделник до петок од 8 до 18 часот. Станува збор за канцеларија која ќе ги прима телефонските повици на лицата со оштетен слух, кои во одреден момент нема да можат да воспостават комуникација со некој вработен во администрација.
Министерката за труд и социјална политика, вели дека на овој начин лицата со оштетен слух ќе имаат полесен пристап до толкувачите.
Од Сојузот на глуви и наглуви велат дека ова е прв проект кој е претставен и кој се спроведува како дел од нивната програма. Инаку, денеска беше промовиран и проектот „Фолклорно здружение на глуви и наглуви лица“. Ова Здружение ќе се формира по иницијатива на лицата со оштетен слух, од каде ветија дека до крајот на годината ќе започнат со одржување концерти.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ