Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на стартот од Минхенската безбедносна конференција каде се сретна со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
„Како држави и како Влади соработуваме, се солидаризираме како би ги надминале предизвиците со енергетската и економска криза. Ние сме искрени и добри соседи и нашите заеднички заложби се во функција на подобрување на животот и стандардот на граѓаните, стабилен и безбеден регион.
Го поздравивме ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, пишува Ковачевски.