Свет

Нови потреси и урнатини: Спасени три лица, се трага по затрупани

Нови потреси и урнатини: Спасени три лица, се трага по затрупани

Како последица на земјотресот со јачина од 6,4 степени во турската провинција Хатај, две згради се урнаа во градот Антакија, а три лица беа извлечени од урнатините.

На овие локации веднаш се испратени екипи за пребарување и спасување, јавува Анадолија.

Едно лице е пронајдено под урнатините на зграда во населбата Гази и е спасено и пренесено во болница.

Спасувачките екипи продолжуваат со спасувачката акција за да стигнат до уште три лица за кои се вели дека останале под урнатините на истата зграда.

Две лица, исто така, беа извлечени од урнатините на урнатата зграда во населбата Кучукдалјан и им беше укажана помош.

Безживотното тело на едно лице е извлечено од урнатините на истата зграда.

Ахмет Басман за Анадолија изјави дека успеал сам да се извлече од урнатините.

„За време на земјотресот бевме четворица-петмина внатре. Ќерка ми беше тешко повредена, вујко и почина. Другите излегоа“, рече Басман.

Најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени во земјотресите што вечерва ја погодија Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни