Македонија

Собранието повторно ги изгласа законите кои Иванов не ги потпиша

Собранието на седница денеска без дебата одново ги изгласаа реформските закани кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише, поради тоа што не се со уставното име на државата. На седницата беа и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Беа изгласани Законот за електронски комуникации, за Агенцијата ОТА, за едношалтерскиот систем, за данокот на додадена вредност, изгласан беше и законот за продажба и давање под закуп деловен простор, законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и законот за безбедност во сообраќајот.

Пратениците со двотретинско мнозинство изгласа и законот за Влада кој предвидува формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое ќе ги преземе надлежностите од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни