Македонија

ВМРО-ДПМНЕ собира донации за претседателските избори

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска објави повик со кој бара од физичките и правни лица донации за претстојните претседателски избори, пренесува ТВ21.

„Донирај за избори“ пишува на телопот со кој ги повикуваат сите правни и физички лица да донираат.

Собирањето на донации го дозволува и изборниот законик, кој вели дека физичко лице може да донира до 3.000 евра, а правно лице до 30.000 евра. Додека пак при финансирање на изборната кампања може да потроши најмногу до 110 денари по запишан избирач во изборната единица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни