Одговорајќи на новинарско прашање дали „Дрексел мајер“ планира да си замине од земјава, директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс беше категоричен и повторно рече дека тоа се муабети „рекла – казала“:
– Земјава има проблем со „рекла – казала“. Такво нешто не сум слушнал, ниту можам да замислам особено зашто оваа компанија е дел и од проектот за дуално образование, подвлече Мартенс. Во однос на новите инвестиции, откри дека се работи за компании од машинската и автомобилската индустрија, но не само од Германија, туку и од САД и Австрија. Во земјава засега работат преку 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица. Трговската размена, пак, со Германија минатата година достигна 3,6 милијарди евра. – изјави Мартенс.