Македонија

Панчевски за ТВ21: „Настапот на антикорупциска е чиста клевета“

„Во извештајот на Стејт департментот јас сум посочен само за случајот АКМИС. Тоа што претседателката на Антикорупциска комисија така јавно ме посочува е чиста клевета“.  Ова за ТВ21 го изјави поранешниот претседател на Кривичен суд Владимир Панчевски од кого побаравме коментар за тоа дека заедно со уште други судии е посочен во извештајот на Стејт департментот и дека Антикорупциска комисија отвора предмет за проверка на имотната состојба. Се обидовме да стапиме во контакт и со останатите судии кои ги спомна Антикорупциска, но тие беа недостапни.

„Во извештајот стои дека во 2018 година сум бил повикан од страна на основното обвинителство Скопје во врска со АКМИС предметот, само тоа стои. Мислам дека пресериозна е изјавата на претседателката на Антикорупциска комисија, излезена на прес конференција, јавно да зборува за коруптивни дејанија на судии и притоа да се повикува на нешто што нема таква содржина, значи извештајот не содржи такво нешто. Во најмала рака тоа е класична клевета, значи ако не и некаква друга одговорност од страна на претседателката.“, ни изјави Панчевски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни