Данскиот парламент е деветиот кој го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.
Без ниту еден глас против, парламентот на Данска ја поддржа ратификацијата.
Претходно истото го сторија Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија.
„Се остваруваат врвните национални интереси, по деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред, станува 30 та земја членка на НАТО Алијансата.
Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.
Како напредуваме во интеграциите, како се ближиме до членство во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните и државата.“, велат од СДСМ.