Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска на прес-конференција во Собранието ги посочи ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како „блокирачи“ на Законот за Јавно обвнителство.
„Нашиот став е дека СЈО е блокирано од чинителите на поранешниот режим, значи од ДУИ, која е и во оваа власт, а потоа и од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ќе кажам дека Алијансата смета дека СЈО ја нема исполнето целта за која што беше формирано. Досега нема казна за претставници на албанската позиција. ДУИ краде избори веќе 17 години, а СЈО има формирано само еден предмет за тоа. СЈО досега требаше да обезбеди и враќање на украдени милионски суми од страна на чинителите на претходниот режим, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не го направи. Законите што сега ги правиме, особено овој за СЈО, не треба да бидат одбранбен механизам за нечии криминал“, изјави Села.