Свет

Бројот на загинати во земјотресот во Турција надмина 44.300

Бројот на загинати во земјотресот во Турција надмина 44.300

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се зголеми на 44.374.

Надлежните тимови поставија близу 335.000 шатори испратени од министерства и надлежни институции, како и други земји и меѓународни организации во зоната на земјотресот.

Во Турција се уапсени речиси 200 лица под сомнение за лоша изградба на згради кои се урнаа во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 44.000 луѓе, соопшти турското Министерство за правда, пренесе Си-Ен-Ен.

Во соопштението се наведува дека 626 лица се осомничени за непочитување на прописите при изградба. Утврдено е дека некои од осомничените загинале во земјотресот, а полицијата трага по многу други.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни