Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување на градежни работи, од денеска и во наредните пет дена привремено ќе биде затворен патот Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до границата со С. Македонија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Патот делумно ќе биде затворен од денеска до 2 април и тоа во периодите од 8 до 11 часот и од 13 до 15:30 часот.