Македонија

Во Битола пораки за бојкот на претседателските избори

Денеска низ цела Битола се излепени пораки, кои повикуваат на бојкот на престојните претседателски избори.

„Не биди дел од заеовото стадо. На 21-ви апрли да го направиме првиот чекор надвор од тридецениската мизерија. Ни СДС да ме храни, ни ДПМНЕ да ме брани. Бојкот!“, стои на плакатот.

Засега не е познато кои стои зад овие пораки.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни