Неколку пожари денеска биле пријавени во Преспа. Најголемиот е вечерва кога им се закануваше и на дел од туристичките населби. Вечерва пожарот кај населбите е под контрола, но има дел од националниот парк Галичица каде гори, а теренот е непристапен.
„Екипите од ТППЕ од Ресен со пет возила и по едно возило од Битола и Ресен се максимално вложени за локализирање на пожарите. Моментално релативно секаде ситуацијата е под контрола, но се зависи од времето“, вели за ТВ21 Живко Гошаревски – градоначалник на Ресен.
Во текот на ноќта екипи на ТППЕ од Ресен, Охрид и Битола, како и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување и НП Галичица остануваат на терен да ја следат состојбата.