Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев повторно им дава лажни ветувања на вработените од „Еурокомпозит“

Лажни се ветувањата на Заев и неговата влада кон вработените во „Еурокомпозит“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие напоменуваат дека две години не е најдено решение.

„Лицемерието на Зоран Заев и СДСМ нема крај. Денеска по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот со заостанатите долгови на фирмата. Вработените во Еурокомпозит две години се лажат од власта дека само што не се решени нивните проблеми, а решението никако да го најдат. На владата ќе им заврши мандатот, а нема да успеат да најдат никакво решение ниту за Еурокомпозит ниту за било која друга фирма што има проблеми поради погрешните економски политики.

Прилепчани на жртви на лажните ветувања на СДСМ. Ниту една нова инвестиција не е отворена, а веќе постоечките се уништуваат.

Овие ветувања на Заев и СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните кои се уверија во неспособноста на оваа власт да ја води економијата. По негативната оцена која ја доби од сите германски инвеститори владата на СДСМ очајно се обидува во јавноста да се прикаже дека нешто работи.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни