Голем број од граѓаните не знаат каде одат парите на општините од планираниот буџет. Немаат информации за направените трошоци на градоначалниците. Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, вели дека градоначалниците треба да сносат одговорност и треба да дадат отчет за потрошените пари, бидејќи се избрани од граѓаните и во следните изборни циклуси нема да ја добијат довербата. Фазлиу истакна дека и истражните органи треба да ги контролираат општините за нивните трошоци.
Без разлика на зборовите на министерот, неколку општини не знаат што е веб страна. Конкретен случај е општина Липково, која за реализианите проекти информира преку фејсбук. Малку поспецифичен случај е општина Арачиново, на чија веб страна, последната објавена вест е на 31.12.2018 – честитката на градоначалничката, Миликије Халими, за новогодишните празници. Малку поактивни се општина Чаир, Студеничани и Гостивар.
Пред неколку дена беа презентирани резултатите од спроведената анализа за тоа колку општините се транспарентни.
-Најниско рангирана беше општина Шуто Оризари, а највисоко рангирани се три општини највисоко рангирана е Велес, а веднаш до неа е Крушево и Охрид.-рече Герман Филков од центарот за граѓански комуникации.
Според анализата скопските општини често пати вршеле јавни набавки без да објавуваат огласи. Во 2017 година поништени се речиси 200 постапки, дури 33 набавки се спроведени без оглас, а нивната вкупната сума изнесува 1,36 милиони евра. Од нив дури 40 проценти припаѓаат на Град Скопје.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ