Двојното убиство се случило вечерва во старата чаршија во Скопје.
Убиството се случило нешто пред 21 часот, кај кафе барот „Шиша бар“, а според првичните информации се работело за вооружена престрелка.
Според најновите информации до кои дојде А1он, при ликвидацијата на познатиот нарко бос, со повреди се здобиле уште седум лица кои се нашле на местото. Дел од нив се со потешки повреди, дел со полесни и се веднаш пренесени на ургентната клиника.
Засега нема потврдени информации дали сите повредени се со прострелни рани или се работи за друг вид на повреди. Нема ниту информација дали се работи за случајни минувачи и гости во кафулето или пак биле дел од пресметката.