Македонија

В понеделник почнува трката за гласови, европска кампања со концепт „од врата до врата“

Концептот „Од врата до врата“ беше пракса за време на кампањите на претходните избори. Дали ќе биде и сега, кога претседателските кандидати најавуваат европска кампања. За политичките партии посетата на гласачите на врата е можност за непосреден контакт каде подетално ќе ги запознаат со програмата и придобивките од истата. Притоа вооопшто не го сметаат тоа за нарушување на приватноста и вознемирување.

СДСМ ќе го практикува концептот „врата до врата“ бидејќи се покажал како ефикасен. Тоа е можност според нив за непосреден контакт со граѓаните, да ги слушнат критиките со цел да се подобрат. Сметаат дека не им се навлекува во приватноста на граѓаните, бидејќи нема да им влегуваат дома, туку само до врата.

-Наша цел е да посетиме што повеќе домаќинства, да се сретнеме со што поголем број на граѓани, да разговараме за тоа кои се придобивките од интерграцијата во ЕУ и НАТО. Имајќи ги антизападни активности на ВМРО-ДПМНЕ да им укажеме што значи доколку се загрози интеграцијата – рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.

Сите форми кои се практикувале ќе се практикуваат и за овие избори велат од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на законски дозволеното. И тие најавуваат дека секое место ќе го посетат.

-Се води кампања во која секое место ќе биде посетено, секое место е цел каде ќе има претставници од двата тима, како што беше најавено – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Бојан Кордалов специјалист за ПР и нови медиуми вели партииите го трошат времето и ресурсите, бидејќи комуницираат само со своите гласачи, а треба да се борат за неопределените. Ја промашуваат публиката. Многу поголем успех истакнува дека ќе постигнат ако побараат дозвола за да ја презентираат пораката.

-Партиите мора да се борат да допрат до што поголем број гласачи, тоа е во ред, но мора да ја почитуваат приватноста, потребите и интегритетот на секој гласач – рече Кордалов.

Истражувањата според Кордалов велат дека граѓаните за време на кампања се тргаат од пред Тв екраните, поради преголем наплив на информации за кандидатите. Контраефект се постигнува со повторување на пораката и редниот број на гласачкото ливче. Посакуваниот резултат се постигнува ако им се даде вистинска понуда на граѓаните, се пресретнат во очекувањата и да се прашаат на што да се даде приоритет.

РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни