Македонија

Што велат граѓаните: Не доаѓајте на врата, знаеме што треба да направиме

Ниту еден од случајните минувачи кои ги анкетиравме не се изјасни дека би сакал да му дојдат на врата политички активисти да му ја дообјаснат програмата, за која и онака се информираат од медиумите.  За нив тоа е вознемирување, непотребно одземање време, бидејќи тие веќе имаат изграден став дали и за кого би гласале.

Ова се изјавите од граѓаните кои ги анкетиравме:

-Сметаат, ѕрн, ѕрн на врата што е тоа, ако има избори нека има, не вака.

-Само ќе стропаат ќе ти подададат тоа што имаат и ќе си одам. Што ви даваат најчесто. 100 грама кафе.

-Подобро да не доаѓаат , оти знаеме што треба да направиме.

-Едно моливче ни даваат да има со што да гласаме.

-Да не замараат. Јасно ни е се нема потреба пред избори некој да ме убедува на врата.

-Досадни се.

-А што треба да ми објаснува кога се се гледа се се знае. Македонија на кого останува? На старци? Отидоа младите.

-Претходните нудеа пенкалце  и запалка, а парите за нив.

Кафе, шеќер, зејтин, локум и што ли уште не како подарок на гласачите пред избори. Ова Бојан Кордалов специјалист по ПР и современи медиуми  го објаснува како дел од македонскиот менталитет кога се оди некаде да не се оди со празни раце.

РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни