Македонија

ПОЖАРИ ВО ПРЕСПА: Изгоре далековод на ЕВН, неколку села останаа без струја

Во пожарите кои во текот на вчерашниот и денешниот ден „беснат“ во околината на Преспа, изгоре и еден далековод на ЕВН. Поради тоа неколку села остана без струја.

Поради непристапноста на теренот, пожарникарите тешко се справуваат со пожарите, а во секој момент се очекува екипи на ЕВН да дојдат и да го поправат дефектот, за до вечер жителите на неколкуте села да добијат електрична енергија до вечер.

Како што поретходно напишавме, во моментов активни се три пожари во Преспа. Жителите велат дека глетката била страшна.

Повеќе детали за пожарите може да погледнете во Информативниот магазин на ТВ21 во 18:30 часот на албански јазик, и во 19:30 часот на македонски јазик.

Ј. Пауноски



 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни