Тројцата претседателски кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски денеска во ДИК го потпишаа кодексот на однесување кои треба да го почитуваат во текот на изборниот процес пред пресојните претседателски избори кои ќе се одржат во април и мај.
Сите меѓусебно си посакаа среќа во текот на изборите. Од утре и официјално почнува кампањата пред пресојните претседателски избори.