Претседателот на ДИК Оливер Деркоски во изјава за „Радио Слободна Европа“, истакна дека доколку нема доволна излезеност во вториот круг од изборите, тогаш веднаш ќе треба да се распишат нови. Деркоски објасни дека кандидатите може да останат исти, но и може да се сменат, а процедурите за кандидирање се исти – или 10 илјади потписи, или поддршка од 30 пратеници.
„Ако нема излезност во вториот круг од 40%, тогаш не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори. Може да учествуваат кандидатите кои досега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот со потписи од граѓани или со поддршка од 30 пратеници. Може да бидат и други кандидати“, вели Деркоски кој упати апел до сите за фер и демократски избори.