Breaking Која е причината за страшните земјотреси во Венецуела?
Македонија

Дива депонија во Визбегово, општина Шуто Оризари избегнува одговор

Отпад и градежен шут, вака изгледа дивата депонија во Визбегово. Не подалеку од 1км, зоната е населена. И покрај улицата има смет и шут.

Додека екипа на ТВ21 беше таму, фати на дело камион на општина Шуто Оризари како излегува од депонијата.

Иако овде зад мене на таблата пишува “забрането фрлање отпад“, ова место е претворено во депонија каде постојано се фрла отпад.

И додека нашата екипа беше таму, лицата од камионот застанаа и ги извадија телефоните фотографирајќи ја нашата екипа. Општина Шуто Оризари не беше подготвена да се произнесе во врска со депонијата.

Од општина Шуто Оризари ни рекоа да им пратиме официјален емаил до градоначалникот на општината, ние го сторивме тоа, испративме емаил но до 18 часот во текот на вчерашниот ден  не добивме одговор, затоа одлучивме и денеска да дојдеме овде во општина Шуто Оризаре за да побараме одговор, но и денеска градоначалникот беше недостапен.

Од друга страна, жителите на Визбегово велат дека ова е катастрофа. Секое утро кога се будат чувствуваат лоша миризба која доаѓа од дивата депонија.

Од друга страна, освен дивата депонија, на просторот помеѓу Визбегово и Шуто Оризари има неколку места на кои може да се забележи отпад.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни