Македонија

Лани имало 3346 вработени повеќе во јавниот сектор од 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година. Извештајот содржи информации за структурата на вработените во јавниот сектор.

Бројот на вработени во јавниот сектор за 2018 година изнесува 132.068 лица. Вработените биле распределени во 1.314 институции.

Ова бројка е 3.346 вработени повеќе од 2017 година, во која во 1.299 институции, биле вработени 128.722 лица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни