Македонија

ВИДЕО: Хеликоптер на АРМ ги гасне пожарите во околината на Крушево

Поради непристапноста на теренот, во Крушево се интервенира и со армиски хеликоптер, кој го гасне пожарот во планинските предели на Крушево и во околните села.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, ѝ се заблагодари на Армијата на Република Северна Македонија, која денеска со свој хеликоптер помага во справувањето со пожарите кои се шират во околината на Крушево, особено во пределите на населените места Норово и Алданци.

„Упатувам благодарност до Армијата за оваа помош во заштитата на граѓаните и нивниот имот“, напиша тој на својот ФБ профил.

Gepostet von Томе Христоски am Montag, 1. April 2019

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни