Вчеравечер ( 31 март ) околу 20 часот, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пред влезот на тетовското село Глоѓи, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „опел астра“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 34-годишниот Д.С. од Одри и „лада нива“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 38-годишниотн Д.Н.од Глоѓи.
Двајца сопатници од „астрата“, на возраст од 4 и 7 години, пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, околностите и друго.