Балкан

Нови протести во Белград: Повредени две жени на влезот од градското собрание

Протестите низ Белград продолжуваат. Денеска се повредени две жени. Додека се одржуваше седница за родова рамноправност, пред зградата стигнал Бошко Обрадовиќ, лидерот на Сојузот за Србија кој со своите демонстранти се обидел да влезе во зградата. Меѓутоа жените застанале во „одбрана“, по што две жени се лесно повредени.

Пристигнала и брзата помош која ги однела жените во болница.

Демонстрантите продолжија кон зградата на регулаторното тело за електронски медиуми.

Пред неколку недели демонстранти од истите организатори упаднаа во зградата на Радио Телевизија Србија, каде што мораше да реагираат и специјалците да ги вадат и да спречат поголеми инциденти.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни