Македонија

Од Централниот регистар на Македонија избришан бугарскиот клуб „Иван Михајлов“

Од Централниот регистар на Македонија избришан бугарскиот клуб „Иван Михајлов“

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.

Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.

Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни