Балкан

МОН ги повлече решенијата, ги врати директорите во гостиварските училиште

Министерството за образование  соопшти дека ги повлекува решенијата за враќање на директорите на училиштата во Гостивар на работните позиции, од кои, како што велат, биле разрешени на незаконски начин. Одлуката за повлекувањето доаѓа еден ден по прес-конференцијата на општина Гостивар, од каде обвинија дека во ек на кампања, Министерството ги вратило старите директори.Од МОН велат дека повлекувањето на директорите произлегло од одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен коишто го диктирале токму тоа, директорите кои се разрешени на незаконски начин во училиштата во Гостивар, да се вратат на нивните работни позиции.

The post МОН ги повлече решенијата, ги врати директорите во гостиварските училиште appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни