Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска претстави осум проекти кои ќе почне да ги реализира во првите осум месеци од преземањето на претседателската функција, а кои, како што нагласи, ги отсликуваат неговите клучни заложби и столбови на програмата.Првиот ќе биде да организира форум за натпартиски политички дијалог.
„По долги години конфликти и поделби на Македонија и е потребен меѓупартиски дијалог за најважните прашања за граѓаните. Претседателот треба да биде глас на разумот, баланс меѓу политичките партии.Токму тоа е целта на овој форум, во кој ќе бидат вклучени и академската и стручната јавност, бизнис заедницата, синдикатите и граѓанските организации“, рече Стево Пендаровски – кандидат за претседател.
The post Пендаровски претстави осум проекти кои ќе ги почне во првите осум месеци од функцијата appeared first on ТВ21.