Македонија

Убиството кај Млечен: Играле заедно на апарати, па го пукал! Уапсени две лица, по еден се трага

Убиството кај Млечен: Играле заедно на апарати, па го пукал! Уапсени две лица, по еден се трага

Утрово во 08 часот и 05 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека во казино на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов едно лице пукало.

Станува збор за 46 годишниот Н.А од село Арачиново кој им подлегнал на повредите на лице место. Подоцна од Итната медицинска служба била констатирана смрт.

Пред убиството заедно со убиецот седеле и играле на апаратите во казиното.

По убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино во центарот на Скопје, полицијата успеала да уапси двајца роднини кои се поврзани со убиството и се осомничени како сторители.

Според извори на Телма, полицијата трага по уште едно лице од Скопје. Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и другата група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе.

На крај со пиштол е убиен 46-годишниот маж. Полиција е повикана веднаш, а двајца осомничени се приведени.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни